ЗПК Козјак од Куманово – НДП – СТАРО НАГОРИЧАНЕ

ЗПК Козјак од Куманово, беше организатор на презентацијата на можностите и важноста за добро бележена планинарска патека, по повод Националниот ден на патеките.

Настанот за Куманово се одржа на 11 јуни 2017 година, и се реализираше заедно на патека во општина Старо Нагоричани.

Патека: с. Арбанаско до планинарски дом Длабочица, с. Длабочица.

Должина на патека 9 километри.

Заради многу лошите услови се откажаа многу пријавени рекреативци од Куманово. На настанот учествуваа 25 планинари и посетитело од градот (од 6 до 70 години).

Малиот број учесници овозможи учество на сите во презентацијата на маркирањето и принципите на безбедност на планинарска патека.

Заклучок: Надеж да прерасне во традиционален настан и поголем број учесници (подобро време наредна година).

Posted in АКТИВНОСТИ, НДП.