Патека – Аџина Река

  • Име на патека: Аџина река
  • Регион: Гостивар
  • Тежина на патека: лесна
  • Карактеристики: Должина: 25 км
  • Највисоката точка е 2.000м.н.в.
  • Висинската разлика е 700 м.

Опис на патека: Патеката поминува по еден од најубавите предели на Шар планина ,кој изобилува со голем број ендемични и ретки растенија и животни ,а исто така се гледа и грандиозниот хидро систем Шарски води кој изобилува со сто километарски систем на канали за собирање на најголемиот дел од водите на Шара.Местото на почеток е од Торбешкиот мост ,а крајот на патеката е до планинарскиот дом Шарски води во селото Горно Јеловце.Должината на патеката е 25 км ,во еден правец. Во овој предел можат да се видат -Планинарскиот дом Шарски води, селото Горно ,Јеловце, Торбешкиот мост ,споменикот на загинатите работници на хидросистемот Шарски води,каналите и целиот хидросистем Шарски води,ретки ендемични видови на животни и растенија, најјужниот дел на виреење на смречата (вид на бор ). Областа се наоѓа во националниот парк Маврово.

Контакт: Бобан Нанчески, Тел. 075 433 781, blesoktrejd@t.mк

 

Posted in ПАТЕКИ.