БИСТРА – Меденица 2163 мнв

Меденица — највисок врв на планината Бистра, неговата надморска височина изнесува 2163 метри. Се наоѓа на западниот дел на главното планинско било на Бистра, во непосредната близина северно над селото Галичник. До него води добро обележана планинарска патека од селото Галичник, а може да се искачува од повеќе правци. Од врвот Меденица се пружа глетка на целата планина Бистра, Мавровското ЕзероКорабДешатШар Планина и Стогово.

Како дел од VIA DINARICA, патеката може да се искачува од 2 правци – 1. од село Галичник, и

2 од месноста наречена Шереметница а се наоѓа на патот  кон селото Галичник.

Патеката од двата правца е маркирана со џцрвено бела маркација, а  поставени се и патокази. Просечно време за поминување односно за искачување до врв е околу 2h 30 min.

Бистра — планински венец во централниот дел од Западна Македонија. Поради богатството со растителен и животински свет, како и пријатната и лековита планинска клима, претставува туристички доста привлечна и атрактивна, пружајќи услови за развој на зимскиот скијачки и летниот стационарен туризам. Издигната е помеѓу Кичевската Котлина на исток и течението на реката Радика од запад. Северната граница ја сочинува басенот на Мавровското Езеро и течението на Мавровска Река а јужниот, изворишниот дел на реката Треска со Ехловечка Река, превојот Јама со Јамска РекаГарска РекаМала Река сè до Бошков Мост.

Планината зафаќа површина од 572,8 км2[1] од кои 483,8 со висина над 1.000 м и 4,8 км2 со висина над 2000 м.

GPX TRACK MEDENICA

KML TRACK MEDENICA

Posted in ПАТЕКИ.