ПСЗ „Козјак“ – Прилеп

ПСЗ „Козјак“ – Прилеп, на ден 10,11.06.2016 го организираше искачувањето на врвот Козјак 1.747 мнв , Бабуна планина.
Целта на овој настан беше да го промовираме Националниот ден на патеките, преку промоција и презентација на патеката ,, Козјак,,.

НЕДЕЛА 11.06.2016 –
6:30 – 07:00 – Собирање на учесниците на плоштад Александрија, листи на учесници, разговор со водичите на организираните групи и останатите учесници, и сместување во автобус.
07:00 – Тргнување од плоштад Александрија
07:30 – Пристигнување на групата пред ман. св Ѓорѓија.

Презентација на Националниот ден на патеките

Презентација на патеката, маркирање, безбедност при пешачење и старт на маршот.

09:30 – Пристугнување на чешма Студеница, прва поголема пауза, место за показна презентација за маркирање на патека за волонтерите на настанот.
10:30 – Пристигнување на групата на превој Белото.
12:30 – Пристигнување на групата на врв Козјак.
14:30 – Пристигнување на групата на чешма Студенец.
15:00 – Пристигнување во с. Плетвар, каде организаторот има обезбедено ручек, затворање на маршот, доделување на благодарници за учество.
17:00 – Тргнување од с. Плетвар кон Прилеп.

Иако имаше променливи временски услови, учествуваа 63 планинари, рекреативци, љубители на планината. Во маркирањето и средување на патеката се вклучија многу волонтери со голем интерес. Настанот заврши без никакви проблеми во организацијата, со многу пораки за повторно организирање на сличен настан.

Posted in АКТИВНОСТИ, НДП.