СПД „Врв Плавица“ промотивен планинарски марш на т.н. МАНАШКАТА патека

СПД ,,Врв Плавица,,  на ден 08.10.2017 година, по повод Националниот ден на патеките, одржа промотивен планинарски марш на т.н. МАНАШКАТА патека од Леново до Св. Спиридон.

На маршот зедоа учество повеке планинари и рекреативци од Пробиштип. Посебен придонес на акцијата направија и гости од Република Бугарија кои беа многу заинтересирани за идеата на акцијата и логото кое беше носено на маичките од организаторите и дел од волонтерите, кои помагаа во презентирањето на маркирањето на патеката.

На акцијата зедоа учество 93 планинари. На најмладите учесници им беа поделени маици со логото на акцијата.

Posted in АКТИВНОСТИ, НДП.