Повик до клубовите за учество

Во организација на Федерацијата на планинарски спортови на Македонија, Комисијата за планинарски патеки од оваа година започнува со организација на НАЦИОНАЛЕН ДЕН НА ПЛАНИНАРСКИТЕ ПАТЕКИ. Со цел да се истакне важноста од дoбро бележени и подготвени патеки за пешачење, оваа година е утврден 11 ЈУНИ како ден во кој ќе се оргтанизираат разни активности на повеќе патеки. За таа цел ги потикнуваме клубовите да земат учество и да ги пријават своите активност во канцеларијата на ФПСМ

Потребно е да доставите допис до канцеларијата на ФПСМ со основен опис на акцијата.

  • назив на патеката на која клубот ќе организира уредување и бележење, со можност за учество и на волонтери.

Повеќе информации ќе добиете после пријавувањето на патеката во канцеларијата на ФПСМ.

 

 

Posted in АКТИВНОСТИ, ПОЧЕТНА.