ПСК Драчево “Филип Чакаров” БЕГОВО ПОЛЕ 2017

Настанот по повод Националниот ден на патеките и презентацијата на безбедно подготвена патека за пешачење за Скопје и пошироко, се оддржа на патеката од пл. Дом Караџица до Бегово Поле на ден 24.06.2017 година.

На настанот учествуваа повеќе од 120 учесници, од кои дел помогнаа и се запознаваа со начините на подготовка, маркирање и кастрење на гранки на патеката.

Организатор и поддржувач на настанот ПСК Драчево “Филип Чакаров”, за учесниците го организираше во три дена, со цел стекнување повеќе позитивни впечатоци и знаење за безбедно пешачење по планинарските патеки.

Програма за планинарска акција Бегово Поле

Петок-23.06.2017
17:00 – Поаѓање со организиран превоз од Железничка станица (Транспортен центар) до рибник Принц – с.Алдинци
18:30 – Пристигнување во рибник Принц, и по планинарска патека упатување кон п.дом Караџица
20:00 – Пристигнување во п.дом Караџица, сместување на гостите

Сабота-24.06.2017

07.30 – Презентација на Националниот ден на патеките и
08:00 – Поаѓање кон Бегово Поле (Солунска Глава 2540 м.н.в.)
11.30 – Пристигнување на Бегово Поле, по кратката пауза една група се упатува кон Солунска Глава (2540 м.н.в)
12:00 – Почеток на забавата, настап на Fiction
16:00 – Тргнување кон п.дом Караџица
18:00 – Пристигнување во п.дом Караџица заеднички ручек и попладневен одмор
20:00 – Презентација на фотографии од историско значење за Планинарскиот спортски клуб Драчево, прикажување на краткометражни филмови поврзани со планината.
21:00 – Почеток на заедничка планинарска забава

Недела-25.06.2017

Опции за пешачење со организаторот и подготовка на патеки.

Posted in АКТИВНОСТИ, НДП.