ПК Кожуф – Гевгелија

Планинско друштво „Кожуф“ од Гевгелија по повод Националниот ден за обележување на патеките, спроведе акции за отварање на целосно нов дел од патеката што води кон врвовите Чичи каја  и Зелен брег на Коуф планина .
Постоечката патеката која се протега од локалитетот Смрдлива вода и води кон врвовите Чичи каја и Зелен брег, која е највисока врв на Коуфу планина, со изградбата на автопатот за Ски центарот е на поголем дел покриена со овој пат. Затоа ПД „Кожуф“ Гевгелија одлучи во една дел да отвори нова патека.
Патеката се работеше во викендите 11 и 18 јуни 2017 година поради неповолните временските услови и со цел за целосна завршување на патеката. Истата е во должина од околу 4 км, комплетно бележана, и иста, и е безбедна за движење. Потребно е дополнително да се постават патокази.
Новата патеката е направена во непристапен терен, што бараше многу работа и е во поголем дел во букова шума и покрај реката Сливо. Во активностите учествуваат повеќе од 50 планинари и рекреативци од Гевгелија. При трасирањето на патеката напаравен е  пристап до водопад, така што се доби уште една природна убавина на Коуф за планинарите и другите лубители на природата.
Движењето по патеката е пријатно, посебно во летно време, бидејќи за цело време води под буковите сенки по течение на реката.

Posted in АКТИВНОСТИ, НДП.