Брзинското искачување на Дуфуршпиц 4634 мнв преку западниот гребен (AD-, UIAA III, 1750hm) реализирано од страна на Александар Кирковски на 09.08.2019 година.
Врвот Дуфуршпиц се наоѓа на Пенинските Алпи, масив Монте Роса на границата помеѓу Швајцарија и Италија. Врвот за првпат е искачен во 1855 година, а денес како и целиот алпски масив привлекува голем број планинари и качувачи. Со популаризацијата на планинарските спортови во светот се почесто е искачувањето на високите врвови во брзински и соло стил што подразбира носење на минимум опрема, но таквиот начин значително го зголемува ризикот од незгоди.
Кирковски во таа насока посочува: „Сакам да напоменам дека ваквиот начин на 'брзо и лесно' движење во високите планини не е воопшто наивна работа како што некогаш изгледа, а секоја најмала грешка може да донесе големи последици. Совет до сите планинари е да бидат многу внимателни во пристапот при изборот на својата цел, начинот и опремата, затоа што планината е опасно место. Не треба да има простор за скокање на скалила и се ќе си дојде во свое време.“
Во изминатите неколку години Кирковски реализираше брзински и соло искачувања на Мон Блан од двете страни, Матерхорн, Елбрус, Аконкагва и други врвови. ... Види повеќеВиди помалку
Видео