02 Димитар Цветкова Патека

Download file: 02 ДИМИТАР ЦВЕТКОВА ПАТЕКА.gpx
  1. Опис на патеката:

Име на патеката : Димитар – Цветкова

Почетокот на патеката е од Средно Водно на 6 км од Скопје. Патеката е лоцирана на северната страна на планината Водно. До почетокот на патката може да се пристигне со пешачење по Словенска патека, со автомобил или градски автобуски превоз бр.25. Патеката започнува од паркиралиштето т.е. од скалите покрај ресторанот 6 Чешми. На стартот има раздвојување за две патеки – Олимписка и Димитар-Цветкова. Димитар-Цветковата патека се одвојува во десно. Патеката води низ пошумен предел, на места има карпест терен, во горниот тек го пресекува асфалтниот пат кој води до врвот на Водно, и продолжува до планинарскиот дом „Даре Џамбаз“ зад кој се наоѓа врвот Крстовар. Патеката е со должина од 2,1 км.

  1. Географско простирање на патеката

Општина: Карпош
Старт : Средно Водно
Крај: Врв Крстовар
Највисока точка: Крстовар 1066 мнв
Најниска точка: Средно Водно 580 мнв
Вкупна должина на патеката: 2,1 км
Време потребно за минување на патеката: 1 ч

  1. Категоризација на патеката согласно намената и тежината
  • Според намената: планинарска патека
  • Според тежината: Лесна/средно тешка (поради наклонот – средна вредност 21.7%)
  • Патеката не е технички захтевна
  1. Опис на природните живеалишта, растителните и животинските видови и самоникнати габи на земјиштето преку кое минува планинската патека

Патеката на почетокот минува низ пошумен предел богат со бреза, даб, габер, костен и липа, а наместа се сретнува и смрека.

Од животинскиот свет во пределот низ кој минува патеката има дива свиња, лисица, зајак, верверица и птици.

Габите во овој предел се доста застапени – Водно е планина на која се сретнуваат 143 видови на габи.

  1. Преглед на туристичкиот интерес на пределот низ кој поминува патеката

Патеката е од рекреативан карактер, но може да се вброи и во патеки од туристички интерес затоа што води до Планинарскиот дом „Даре Џамбаз“, како и до Милениумскиот Крст које лоциран на самиот врв на планината.

  1. Други податоци што се значајни за планинската патека

Патеката нуди можност за посета на врвот Крстовар 1066 мнв. кој се наоѓа над Планинарскиот дом. Вода има само на почеток на патеката т.е. на самиот паркинг, по патеката нема извори или чешми со вода. Од врвот Крстовар има можност да се изведат и други рекреативни прошетки по планината Водно.

ФИНАНСИРАНИ ОД ЧЕШКАТА РЕПУБЛИКА 
ПОДДРШКА ОД ГРАД СКОПЈЕ

 

НАЗАД 

Posted in ПАТЕКИ.