Планинарското друштво Бистра Гостивар, на ден 11.06.2017 год (Недела), oрганизираше планинарско пешачење на планинарската патека АЏИНА РЕКА.
За жал, многу променливите временски услови обесхрабрија многу учесници од Гостивар и пошироко, да земат учество на Националниот ден на патеките за овај регион. На настанот учествуваа 70 планинари и рекреативци.
Прогамата за настанот беше следнава:
- 06:00 часот – Тргнување од пред Општина Гостивар со организиран превоз од ПСК БИСТРА Гостивар
- 06:30 часот – Собирно место во село Маврови Анови со останатите планинарски друштва , по што се упатуваме кон Торбешки Мост
- 08:00 часот – Старт од Торбешки мост 1394м.н
- Највисока точка на искачување – 2063 м.н по изминати 11,05 км
- Должина на патеката – 26 км
- Крајна цел – село Долно Јеловце 1053 м.н
- Свечен ручек во село Долно Јеловце, презентација на денот.
Карактеристики на патеката – Средно тешка