МИРСКА ВОДА – МИЛЕНКОВ КАМЕН
Карактеристика на патеката:
Патеката започнува од село Патишка Река 960 мнв. До селото се пристигнува по асфалтен пат кој завршува на влезот од селото каде што можат да се паркират возилата. Поради карактеристиките на теренот решивме да маркираме 2 патеки кои водат до врвот Миленков камен и Мирска вода, сочинувајќи на тој начин систем на патеки со кои може да се поврзат двете патеки, или да се одат поединечно во зависност кој врв ќе се одбере како цел.
1 Патеката: Патишка Река – Мирска Вода – Миленков камен – е долга 8,1 км во правец и поминува низ шумски дел до висина од околу 1650 мнв односно до првиот патоказ има околу 3,6 км. Кога ќе се излезе од шумскиот појас патеката продолжува преку ливада полека зафаќајки зафаќајки во десната страна (на ова место имаме делење на патеката во десно према Мирска Вода и лево Према Миленков Камен – Патоказ 2). Патеката кон Мирска Вода од патоказот 1 е во должина од 2,5 км, а од врвот Мирска Вода до врвтот Миленков Камен е во должина од 2.1 км или вкупно 4.6 км. Движењето помеѓу двата врва е по срт, од каде се пружа прекрасен поглед на Поречието и Езерото Козјак. Враќањето назад може да се изведе по истата патека или по друга патека односно патека 2
2 Патека: Патишка Река – Миленков Камен – е долга 6,7 км во правец и поминува низ шумски дел до висина од околу 1650 мнв односно до првиот патоказ има околу 3,3 км. Кога ќе се излезе од шумскиот појас патеката продолжува преку ливада полека зафаќајки во лева страна (на ова место имаме делење на патеката во десно према Мирска Вода и лево Према Миленков Камен – Патоказ 2). Патеката до Миленков камен е нешто пократка и поминува низ мал усек до Бачило, каде има извор на питка вода. Патеката води по тревнат терен. Од првиот патоказ до врв Миленков Камен има околу 3.4 км.
Двете патеки прават систем на кружна патека во должина од 14,8 км
- Старт на 960 мнв. Патишка Река
- Врв Мирска Вода 2179 мнв
- Врв Миленков Камен 2217 мнв
ПАТЕКА 1 – Патишка река – врв Мирска Вода – врв Миленков Камен
Должина на патеката во правец 8,1 км
Потребно време за совладување на патеката околу 4:30 часа во правец
ПАТЕКА 2 – Патишка река – врв Миленков Камен
Должина на патеката во правец 6,7 км
Потребно време за совладување на патеката околу 3:30 часа во правец