ПАОК Ентузијаст од Струмица

Во чест на Националниот ден на патеката за Струмичкиот регион во деновите 10 и 11 јуни 2017 година, се организираше презентација на патеката од Палазлија до врвот Огражден 1.746 м.н.в. во должина од 18 километри.
Старт на настанот, Струмица до Суви Лаки на регионалниот пат Струмица – Берово, обезбеден транспорт, каде на почеток имаше запознавање со маркацистите и нивната работа.
Ден претходно, организаторот ПАОК Ентузијаст од Струмица, го обезбеди теренот и основните припреми на патеката.
На присутните им се овозможи доаѓање на местото со престој во шатори, еден ден порано и да помогнат во организацијата.
Организаторот понуди можност за запознавање и учество на спортски настан во планинарска ориентација.
Настанот заврши без никакви проблеми.
Учествуваа околу стотина планинари и љубители на планината.

 

Posted in АКТИВНОСТИ, НДП.