Помогнато од:
- Опис на патеката:
Почетокот на патеката се наоѓа пред резиденцијата на Швајцарската Амбасада односно на паркингот пред полициската станица Водно каде што се поставени инфотабли со патеки од Водно. До појдовната точка може да се пристапи пеш, со автомобил или градски автобуски превоз бр.3 и 25. Патеката е лоцирана на северната страна на планината Водно. Патеката започнува веднаш од лево покрај резиденцијата на Швајцарската Амбасада по асфалтен пат во должина од 200м. И продолжува наредниве 100м. по макадамски пат од каде што се двои во лево на пешачка патека. Планинарската патеката води по земјен и каменест терен. Патеката во почетниот дел води низ високостеблеста шума погодна за пешачење особено во летниот период. Патеката на повеќе места се спојува со други пешачки патеки кои во одреден момент можат да прават забуна бидејќи нема поставени смерни патокази, но доволно е да се следи поставената маркација. Патеката излегува на асфалтниот пат кој води до Средно Водно во должина од 200 м. Крајот на патекате е на паркиралиштето на Средно Водно каде се стационирани планинарскиот дом Јосип Станчиќ на ФПСМ (во моментот е издаден под закуп и е во функција како ресторан), хотелот Водно, планинарскиот дом 6 Чешми кој е даден под закуп и денес е во функција како ресторан, жичницата која оди до врвот на Водно. Патеката е со должина од 2,8 км.
- Географско простирање на патеката
Општина: Карпош
Старт : Резиденција на Швајцарска Амбасада – паркинг полициска станица Водно
Крај: Средно Водно
Највисока точка: Средно Водно 580 мнв
Најниска точка: Паркинг полициска станица Водно 320 мнв
Вкупна должина на патеката: 2,8 км
Просечен наклон: 12.3%
Време потребно за минување на патеката: околу 50 мин
- Категоризација на патеката согласно намената и тежината
- Според намената: планинарска патека
- Според тежината : лесна
- Опис на природните живеалишта, растителните и животинските видови и самоникнати габи на земјиштето преку кое минува планинската патека
Патеката на почетокот минува низ пошумен предел богат со бреза, даб, габер, костен и липа, а наместа се сретнува и смрека.
Од животинскиот свет во пределот низ кој минува патеката има дива свиња, лисица, зајак, верверица и птици.
Габите во овој предел се доста застапени – Водно е планина на која се сретнуваат 143 видови на габи.
- Други податоци што се значајни за планинската патека
Патеката нуди можност и за пристап на трим рекреативна патека која води до локалитетот Маркови Кули. Од завршната точка на патека кон врвот на планината Водно почнуваат четири планинско – рекреативни патеки и тоа: Димитар-Цветкова, Олимписка, Новогодишна и Пензионерска.
Мапата ја прикажува вашата положба во однос на патеката во реално време само доколку на вашиот уред е вклучена опцијата за локација. Во зависност од уредот што го користите, како и мрежната покриеност со сигнал можни се отстапувања од патеката.
Затоа оваа мапа служи само како помошна информација за патеката на која се наоѓате. За прецизна локација во однос на патеката препорачуваме користење на GPS уред.
Како да активирате локација.
- Од Поставки, допрете Локација или Безбедност и локација, во зависност од верзијата на оперативниот систем на вашиот уред.
- Проверете дали копчето Локација е вклучено. Изберете ги дозволите за апликации и потврдете дека услугите за локација се вклучени за вашиот стандарден интернет прелистувач.