ПЕД АРГЕНТУС – ТЕТОВО “Црно езеро-шарпланинско 2017“

Љубители на природата и планините, на ден недела 16 јули 2017 година, ги искористија шарпланинските езера за разладување, заедничко дружење и запознавање со планинарските вештини и маркирање на патеките.

Настанот по повод Националниот ден на патеките во Тетово, се организираше на “Црно езеро“, кој од следната година ќе стана дел од активностите на ПЕД “Аргентус моунт“- Тетово и ФПСМ.

П Р О Г Р А М А која се реализираше:

За маршот “Црно езеро-шарпланинско 2017“.

Старно место на маршот во Ново село (1125 мнв) одалечено 22 км од Тетово, односно 13 км од Општина Боговиње, до него се пристигнува по асвалтен пат.

До 06:45 ч пристигнување на учесниците во дворот на Основното училиште во селото, каде има паркинг за возилата.

До 07:00 ч припрема и презентација за маршот, патеката и денот кој се слави.

Во 07:30 ч тргнување на учесниците кон Црно езеро.

Маршот планиран до Црно езеро (2122 мнв) е лоцирано меѓу врвовите Бриставец и Рудока.

На маршот учествува 60 планинари од Тетово, Скопје и Куманово, помалку од очекуваните стотина заради нестабилните временски прогнози.

Posted in АКТИВНОСТИ, НДП.