Битолски планинари, главно од ПК Пелистер со поставување на планинарската патека од с. Цапари до месноста Цапарска пресека, а со цел поддршка на Националниот ден на патеките, се превзеде иницијатива на систематизација на нова патека.
На ден 11 јуни 2017 година, се превзеде имплементација на предлог патеката Цапарска, за која реализиација беше од голема важност и соработката со Националниот парк Пелистер, во правец на развој на планинарскиот туризам и заштитата на природните реткости.
Акцијата започна од Битола во 07.00 часот, со организиран превоз до с. Цапари, од каде после подготовка и запознавање на посетителите со работата на маркацистите во 09.00 часот се започна со активностите.
На патеката особено се внимаваше за заштитата на природните реткости и да не се наруши природниот амбиент и средина.
Активностите после заедничко освежување и закуска завршија во 17.00 часот, со враќање во Битола.
Акцијата заврши според планот.
Информацијата за настанот е проследена до локалните медиуми.
Со ова акција ќе се уреди движењето на посетителите и ќе обезбеди поголема безбедноста во Националниот парк Пелистер.
На акцијата за подготовка на патеката учествуваа 27 планинари, на доста променливо време, што беше причина за многуте откажувања.