ПСД Орле од Кавадарци – Алшар 2017

ПСД Орле од Кавадарци, во поддршка на Националниот ден на патеките ја искористи манифестацијата Алшар 2017 година, да промовира маркирање и подготовка на безбедна планинарска патека за пешачење. Стручнитe и искусни членови на друштвото, со подршка на волонтери и рекреативци од Кавадарци и околината, подготвија две планинарски патеки.

Првата патека, со должина од 22 километри, започнува од село Мрежичко, месностТурски рид, рид коп Фени, Васов град и село Мрежишко.

Кратката патека, во должина од 4 километри, води од село Мрежичко до познатите Римски бањи и назад.

Патеките беа посетени од повеќе од 200 планинари и љубители на прошетката и природата.

Според програмата, поттикната од големиот интерес, наредната година ќе припреми елаборат за патека од летувалиште Михајлово, Зла страна, Васов град до Мрежичко во должина од 24 километри.

Posted in АКТИВНОСТИ, НДП.