Руен – Крива Паланка го одбележа со акција НДП

На ден 01 октомври 2017 година, планинарскиот клуб Руен од Крива Паланка, а по повод Националниот ден на патеките, реализираше планинарска акција за уредување на патека од с.Дубровница преку Мала и Голема Црцорија, каде што поминува покрај рударскиот локалитет Крстов Дол па се до месноста Тромеѓе.
Патеката е во должина од 11 километри и е од категоризација средно-тешка патека.
Учество на 63 планинари, рекреативци и љубители на планината од регионот, но и гости од Скопје.
На самата патека се направи презентација за патеката, карактеристиките, знаменитости, но пред се прикажаа начините и значењето на маркирањето и уредувањето на патеките, за безбедноста на посетителите при нивна посета и пешачење.
Напоменуваме дека се реализира средба со колеги планинари од Бугарија и Србија, кои искажаа голем интерес за идеата за Национален ден на патеките.

Posted in АКТИВНОСТИ, НДП.