ШАР ПЛАНИНА – Титов врв 2747 мнв

ШАР ПЛАНИНА – Титов врв 2747 мнв

Титов Врв (2747 m), уште е познат како Турчин или Шар и е меѓу најубавите, а воедно и највисок врв на Шар Планина и втор по височина во Република Македонија. Изграден е од мезозојски варовници, доста распукани и оголени. Инаку има пирамидална форма. Околу самиот врв, поради силното мразно разорување се јавуваат камени реки и сипари. Северозападно од врвот е изворот на реката Пена кон која се протега преубав видик, а јужно се наоѓаат неколку глацијални езера меѓу кои најинтересни се Белото и Боговинското.

На Титов врв, кој се наоѓа на масивот Шар Планина, се стасува преку Тетово до Попова Шапка, по асфалтен пат, со возило или организирано, со комби-такси од Тетово. Редовна автобуска линија не постои, а и жичарата не работи. Попова Шапка е оддалечена од Тетово 20 км.  Од Попова Шапка или Јелак и има неколку можни правци за искачување на врвот, во зависност од расположливото време и желбите.

Зимска патека  – тешка патеката која директно се искачува на Церипашина. Од тука, по гребенот преку Карабунар, врвот Бакардан до Титов врв, патеката  е маркирана но на одредени места е слабо воочлива или изгубена. Маркацијата за планинарската трансверзала “Планини на Македонија” ПМ започнува од Попова Шапка пред планинарскиот дом Јелак. Двете маркирани патеки се спојуваат пред Орлови стени.

Вакуфска патека Патеката од Попова Шапка се движи по широки ливади, а пред  Орлови стени излегува на широк пат. Патеката од пл.дом  Јелак води се по широкиот пат се до Орлови Стени. Од Орлови стени – Вакуфски бачила, патеката свртува десно покрај Палчишка река, према подножјето на Бакардан, патеката се искачува до седлото помеѓу Титов врв и Бакардан, а потоа продолжува по гребенот до врвот. До Титов врв, од Попова Шапка или од планинарскиот дом Јелак, потребни ви се 4 – 5 часа пешачење. Патеката е маркирана.

 

Posted in ПАТЕКИ.