ШАР ПЛАНИНА – Љуботен 2498 мнв
Маркацијата за планинарската трансверзала “Плнанини во Македонија ” ПМ започнува од селото Старо Село по широк колски пат, а после 15 минути одење, на една остра кривина, се напушта широкиот пат, а патеката навлегува пак во шума, за да после половина час повторно излезе на широкиот пат. Од тука па се до планинарскиот дом Љуботен патеката се движи по широкиот пат, со една мала кратенка пред домот. За овој дел од патеката ви се потребни 3 часа. Оние кои имаат сопствено моторно возило можат да дојдат до домот по макадамски пат од Старо Село.
Од домот до врвот Љуботен, планината е гола и има трасирана патека која е добро маркирана. Патеката води по падината над домот право нагоре, до почетокот на сртот, кој завршува на врвот. Од домот до врвот ви се потребни околу 2 – 2:30 часа, а патеката е маркирана.
Вториот правец за врвот делумно се поклопен со првиот а се двои на 30 минути во лево во правец на Козја стена. Штом се замине Козја стена патеката продолжува во десно со многу стрм успон до врвот. Патеката е маркирана. Потребни ви се околу 2 – 2:30 часа до врв.