- Опис на патеката:
Име на патеката : Новогодишна
Почетокот на патеката е од Средно Водно на 6 км од Скопје. Патеката е лоцирана на северната страна на планината Водно. Патеката започнува од паркиралиштето – за пристап на патеката треба да се тргне по трим патеката од која по 300м се одвојува планинарска патека која е почеток на две патеки, Пензионерска и Новогодишна, кои по 500м се раздвојуваат. Новогодишната патека се одвојува во десно. Патеката води низ пошумен предел, во горниот тек се спојува со Пензионерската патека и асфалтниот пат кој води до врвот на Водно, и продолжува до планинарскиот дом „Даре Џамбаз“ зад кој се наоѓа врвот Крстовар. Патеката е со должина од 3,2 км.
- Географско простирање на патеката
Општина: Карпош
Старт : Средно Водно
Крај: Врв Крстовар
Највисока точка: Крстовар 1066 мнв
Најниска точка: Средно Водно 580 мнв
Вкупна должина на патеката: 3.2 км
Време потребно за минување на патеката: 1 ч и 20 мин
- Категоризација на патеката согласно намената и тежината
- Според намената: планинарска патека
- Според тежината : лесна
- Опис на природните живеалишта, растителните и животинските видови и самоникнати габи на земјиштето преку кое минува планинската патека
Патеката на почетокот минува низ пошумен предел богат со бреза, даб, габер, бор.
Од животинскиот свет во пределот низ кој минува патеката има дива свиња, лисица, зајак, верверица и птици.
Габите во овој предел се доста застапени – Водно е планина на која се сретнуваат 143 видови на габи.
- Преглед на туристичкиот интерес на пределот низ кој поминува патеката
Патеката е од рекреативан карактер, но може да се вброи и во патеки од туристички интерес затоа што води до Планинарскиот дом „Даре Џамбаз“ како и до Милениумскиот Крст кој е лоциран на самиот врв на планината.
- Други податоци што се значајни за планинската патека
Патеката нуди можност за посета на врвот Крстовар 1066 мнв кој се наоѓа над Планинарскиот дом. Вода има само на почеток на патеката т.е. на паркингот, по патеката нема извори или чешми со вода. Од врвот Крстовар има можност да се изведат и други рекреативни прошетки по планината Водно. Патеката е именувана како „Новогодишна“ затоа што во нејзиниот завршен дел има елка која секоја година традиционално се кити со лампиони од планинари кои ја посетуваат оваа патека.