05 ПЕНЗИОНЕРСКА ПАТЕКА

Download file: 05 ПЕНЗИОНЕРСКА ПАТЕКА.gpx
  1. Опис на патеката:

Име на патеката : Пензионерска

Почетокот на патеката е од Средно Водно на 6 км од Скопје. Патеката е лоцирана на северната страна на планината Водно. Патеката започнува од паркиралиштето – за пристап на патеката треба да се тргне по трим патеката од која по 350м се одвојува планинарска патека. Патеката во почетокот води низ пошумен предел, пред излегување на гребенот води поред нискостеблести растенија, а на  100 м пред котата на Орловец се спојува со Бабина. Од Орловец патеката оди низ борови насади до асфалтниот пат (каде се спојува со Новогодишната патека) кој води до врвот на Водно, и продолжува до планинарскиот дом „Даре Џамбаз“ зад кој се наоѓа врвот Крстовар. Патеката е со должина од 4,6 км.

  1. Географско простирање на патеката

Општина:  Карпош
Старт : Средно Водно
Крај: Врв Крстовар
Највисока точка: Крстовар 1066 мнв
Најниска точка: Средно Водно 580 мнв
Вкупна должина на патеката: 4,6 км
Време потребно за минување на патеката: околу 1 ч и 50 мин

  1. Категоризација на патеката согласно намената и тежината
  • Според намената: планинарска патека
  • Според тежината : лесна
  1. Опис на природните живеалишта, растителните и животинските видови и самоникнати габи на земјиштето преку кое минува планинската патека

Патеката на почетокот минува низ пошумен предел богат со бреза, даб, габер, бор и смрека.

Од животинскиот свет во пределот низ кој минува патеката има дива свиња, лисица, зајак, верверица и птици.

Габите во овој предел се доста застапени – Водно е планина на која се сретнуваат 143 видови на габи.

  1. Преглед на туристичкиот интерес на пределот низ кој поминува патеката

Патеката е од рекреативан карактер, но може да се вброи и во патеки од туристички интерес затоа што води до Планинарскиот дом „Даре Џамбаз“ како и до Милениумскиот Крст кој е лоциран на самиот врв на планината.

  1. Други податоци што се значајни за планинската патека

Патеката нуди можност за посета на врвот Крстовар 1066 мнв кој се наоѓа над Планинарскиот дом. Вода има само на почеток на патеката т.е. на паркингот, по патеката нема извори или чешми со вода. Од врвот Крстовар има можност да се изведат и други рекреативни прошетки по планината Водно.

ФИНАНСИРАНИ ОД ЧЕШКАТА РЕПУБЛИКА
ПОДДРШКА ОД ГРАД СКОПЈЕ

НАЗАД

Posted in ПАТЕКИ.