06 БАБИНА ПАТЕКА

Download file: 06 БАБИНА ПАТЕКА.gpx
  1. Опис на патеката:

Име на патеката : Бабина

Почетокот на патеката е од локалитетот Марково Крувче (Археолошко наоѓалиште од доцноантичкиот период) на кое се видливи остатоци од потпорни бедеми на кули. Патеката е лоцирана на северо-источната страна на планината Водно. Патеката може да започне од паркиралиштето на Средно Водно, од каде по трим патеката може да се стигне до локалитетот Марково Крувче, или пак од патот кој го поврзува Скопје со населбата Сончев Град. Патеката во почетокот води низ пошумен предел, пред излегување на гребенот води поред нискостеблести растенија, а на  100 м пред котата на Орашец се спојува со Пензионерската патека . Од Орашец патеката оди низ борови насади до асфалтниот пат (каде се спојува со Новогодишната патека) кој води до врвот на Водно, и продолжува до планинарскиот дом „Даре Џамбаз“ зад кој се наоѓа врвот Крстовар. Патеката е со должина од 3,9 км.

  1. Географско простирање на патеката

Старт : Марково Крувче
Крај: Врв Крстовар
Највисока точка: Крстовар 1066 мнв
Најниска точка: Марково Крувче 540 мнв
Вкупна должина на патеката 3,9 км
Време потребно за минување на патеката: 1 ч и 30 мин

  1. Категоризација на патеката согласно намената и тежината
  • Според намената: планинарска патека
  • Според тежината : лесна
  • Технички не е захтевна
  1. Опис на природните живеалишта, растителните и животинските видови и самоникнати габи на земјиштето преку кое минува планинската патека

Патеката на почетокот минува низ пошумен предел богат со бреза, даб, габер, бор и смрека.

Од животинскиот свет во пределот низ кој минува патеката има дива свиња, лисица, зајак, верверица и птици.

Габите во овој предел се доста застапени – Водно е планина на која се сретнуваат 143 видови на габи.

  1. Преглед на туристичкиот интерес на пределот низ кој поминува патеката

Патеката е од рекреативан карактер, но може да се вброи и во патеки од туристички интерес затоа што започнува од локалитетот Марково Кули (Археолошко наоѓалиште од доцноантичкиот период) на кое се видливи остатоци од потпорни бедеми на кули и води до Планинарскиот дом „Даре Џамбаз“ како и до Милениумскиот Крст кој е лоциран на самиот врв на планината.

  1. Други податоци што се значајни за планинската патека

Патеката нуди можност за посета на врвот Крстовар 1066 мнв кој се наоѓа над Планинарскиот дом. Вода има само на почеток на патеката т.е. на паркингот, по патеката нема извори или чешми со вода. Од врвот Крстовар има можност да се изведат и други рекреативни прошетки по планината Водно.

ФИНАНСИРАНИ ОД ЧЕШКАТА РЕПУБЛИКА 
ПОДДРШКА ОД ГРАД СКОПЈЕ

 

НАЗАД

Posted in ПАТЕКИ.