Планинарската трансверзала “Планини на Македонија – 10 ВРВОВИ“
Слободно може да се каже дека Република Македонија е планинска земја со околу 40 планини од кои 12 повисоки од 2000 метри. Ниту една држава во Европа, нема толкав број на самостојни планински целини и планински масиви во однос на својата површина. На сите овие планини има околу 260 интересни и впечатливи планински врвови, од кои 85 над 2000 метри. Меѓу нив, посебно се истакнуваат 10-те врвови наведени во текстот, од кои некои се и меѓу највисоките во нашата држава.
За таа цел Комисијата за планинарски патеки подготвува книшка Планинарската трансверзала “Планини на Македонија – 10 ВРВОВИ““ во која ќе има детален опис на патеките како и пристап до нив.
ШАР ПЛАНИНА – Титов врв 2747 мнв
ШАР ПЛАНИНА – Љуботен 2498 мнв