09 ВОДНО МАТКА ПРЕКУ КОТА

Download file: 09 VODNO MATKA PREKU KOTA.gpx

  1. Опис на патеката:

Име на патеката : Водно – Матка (преку Кота)

Почетокот на патеката е врвот на планината Водно (Крстовар 1066мнв). До почетокот на оваа патека може да се пристигне по повеќе планинарски патеки или со жичарата која се обраќа од Средно Водно до Милениумскиот Kрст. Патеката минува покрај Милениумскиот Kрст и излетничките летниковци, продолжува по макадамскиот пат (кој води кон гасоводот и по него) на 5 км од овој пат се исклучува планинарска патека која води во брезова шума се до врвот Кота (Кале) кој се издига над с.Шишево. Врвот Кале е највисоката точка на планината Водно на западната страна. Патеката продолжува со спуштање по југозападниот гребен и скршнува во десно во шума од каде се спушта до кајакарскиот мост во месноста Мечкина Дупка на Матка. Патеката е со должина од 11 км. Истата патека може да се оди и во обратна насока со тоа што пристапот би бил од месноста Мечкина Дупка каде има автобуска постојка за автобус бр. 60  или каде може да се пристигне со автомобил.

  1. Географско простирање на патеката

Општина:  Карпош / Сарај
Старт : Крстовар / Кајакарски мост Матка
Крај: Кајакарски мост Матка / Врв Крстовар
Највисока точка: Крстовар 1066 мнв
Најниска точка: Кајакарски мост Матка 290 мнв
Вкупна должина на патеката: 11 км
Просечен наклон:  21.7% ( но во делот на искачување од Кајакарскиот мост до Кота има наклон од 30-57.5%)
Време потребно за минување на патеката: 4 ч и 30 мин

  • Категоризација на патеката согласно намената и тежината
  • Според намената: планинарска патека
  • Според тежината : Умерено тешка (поради почетниот/крајниот наклон и нејзината должина)
  • Технички не е захтевна
  •  
  1. Опис на природните живеалишта, растителните и животинските видови и самоникнати габи на земјиштето преку кое минува планинската патека

Патеката на почетокот минува низ пошумен предел богат со бреза, даб, габер, бор и смрека.

Од животинскиот свет во пределот низ кој минува патеката има дива свиња, лисица, зајак, верверица и птици.

Габите во овој предел се доста застапени – Водно е планина на која се сретнуваат 143 видови на габи.

  1. Преглед на туристичкиот интерес на пределот низ кој поминува патеката

Патеката е од рекреативан карактер, но може да се вброи и во патеки од туристички интерес затоа што води од Планинарскиот дом „Даре Џамбаз“ како и од Милениумскиот Крст на Крстовар до манастирот Св. Богородица на Матка, како и донезерото Матка.

  1. Други податоци што се значајни за планинската патека

Патеката нуди можност за посета на врвот Крстовар 1066 мнв кој се наоѓа над Планинарскиот дом. Од врвот Крстовар има можност да се изведат и други рекреативни прошетки по планината Водно. Вода има на почеток на патеката на Крстовар и на крајот на патеката на 1 км пред Кајакарскиот мост; по патеката нема извори или чешми со вода.

ФИНАНСИРАНИ ОД ЧЕШКАТА РЕПУБЛИКА 
ПОДДРШКА ОД ГРАД СКОПЈЕ

 

НАЗАД

 

Posted in ПАТЕКИ and tagged , , , .