Име на местото каде е патеката: Длабока река Кораб (с. Рибница и с. Бибај)
Спортски планинарски клуб: ПЗК КОРАБ – СКОПЈЕ
Област/местона патеката Длабока Река Кораб (с. Рибница и с. Бибај)
Карактеристика на патеката:
До појдовната точка за Корабскиот водопад се стигнува по асфалтен пат до мостот каде патот се дели за с. Нистрово и с. Рибница. До с. Рибница може да се стигне и по неасфалтиран земјан пат, со лесно и теренско возило или минибус. Патот до с. Бибај е прилично лош, може да стигне со лека кола со внимателно возење, или со теренско возило. Патеката води низ шумовит предел (букова шума) над долината на длабока река, а под висовите на Рибничка скала и Кабаш. Едниот пристап е преку селото Рибница, а другиот преку селото Бибај. Патеките се спојуваат во една на Попова ливада и од тука до Водопадот води само една патека. Патеката преку с. Рибница до водопадот е долга околу 14.км, Патеката од село Бибај до Попова ливада каде се спојуваат двете патеки е долга 2,8 км, а до водопадот уште 7.5 км или вкупно 10.3 км