Во југозападниот дел на Македонија можеме да го посетиме националниот парк Пелистер. Овој прекрасен парк е распространет по северниот дел на планината Баба, која е најјужната планина на Балкан што има алпски карактер. Овој национален парк е најстариот во Македонија, и првпат е заштитен со закон во 1948 година. Тогашните власти ја увиделе уникатноста на регионот, интервенирале паметно. Во него, односно на планината Баба има повеќе врвови што ја надминуваат границата од 2 000 метри. Како прво, највисокиот е 2 601 метар, а тоа е врвот Пелистер. Сите тие врвови меѓусебно се одвоени со неколку длабоки долини. Паркот има и туристичко-рекреативна зона, која е особено популарна зиме за време на ски-сезоната, но и лете кога луѓето уживаат во излетите и прошетките.
Националниот парк има свое богатство. Полн е со недопрени убавини и интересни феномени, невообичаени формации како белези за минатото, со специфична геолошка структура, ретко видена вегетација која е карактеристична за паркот. Паркот има поволни и специфични услови за создавање на свое уникатно природно богатство.
Она што е највпечатливо на планината Баба, односно во националниот парк, се камените реки. Тоа се всушност натрупани карпи од гранит и кварц, кои полека низ годините се лизгале низдолно и создале еден вид теченија. Лизгањето се одвивало поради замзрнувањето и одмзрнувањето на карпите во времето кога највисоко на планината владеела снежна зима. И не само реки, има и камени мориња!?! Тоа се всушност релјефни форми што се создале со дробење на карпите од мразот, само што истите останале на своето место и создале огромни простори со камења и карпи. Има еден куп забава за географичари.
Шумите во националниот парк Пелистер содржат уникатни дрвја и растенија. Меѓу осумдесет и осумте видови дрва во Пелистер, може да се најде дрвото Молика, кое не постои никаква шанса да се види некаде на друго место во светот (освен на уште пар планини на Балканот). Тоа е бор со пет иглички кој што во Пелистер го достигнува својот врв во еволуцијата и може да се види само над 600 метри надморска височина. Моликата е многу издржливо дрво, таа може да издржи и сибирски температури, а во Пелистер може да се наиде и на молики стари по два века.
БАБА – Пелистер 2601 мнв
За искачување на врвот Пелистер повеќе правци за искачување.
Патека преку Камењарот: маркацијата започнува од Хотел Молика преку Копанки и се протега преку камењарот и преку врвовите Стив 2468 мнв. и Илинден 2542 мнв.
Патеката е атрактивна и потребни се околу 4-5 часа за совладување. Патеката е маркирана, а се препорачува внимателно движење. На одредени делови се поставени сајли заради полесно движење.
Патека преку Широка: патеката започнува од паркингот пред Инфоцентарот и се движи по земјан широк пат преку Палиснопје а кај Цапарски прерслап патеката влегува во шумата.
Кај месноста под Кулина Стена патеката се дели десно, оди преку Широка и лево преку Болница на врвот. Патеката е маркирана. Патеката е долга околу 13 км. а потребно време за искачување е околу 5 часа.
Патека преку болници е во должина од околу 9 км. Голем дел од патеката е низ шума. Вториот дел од патеката се префрлува на камењар.Патеката е добро маркирана. Потребно време за искачување околу 4 часа
Од село Нижополе до Големо Езеро преку гребенот Дебел Рид потребни се околу 2-2:30 часа, должина на патеката е околу 5,5 км.
Од Големо Езеро до врв се потребни уште 3 часа, патеката е во должина од 6,5 км. Вкупната должина на патеката до врвот Пелистер е околу 12 км.
Патеката е маркирана, домот во летните месеци работи секој ден, а другите месеци само за викендите.