Прва тематска работилница за ,,Иднината на Македонските планинарски патеки-трансверзали“

Федерацијата на планинарски спортови на Македонија – Комисијата за планинарски патеки и Центарот за стручно оспособување, ја реализира првата тематска работилница за ,,Иднината на Македонските планинарски патеки-трансверзали,,.

Цел подготовка на стратегијата за развој на планинарските патеки и воспоставувањето на стратешки партнерства со државните институции На настанот учествуваа директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Александар Донев, Наташа Николова, Раководителот на сектор екологија во Министерството за животна средина и просторно планирање, додека раководителот од секторот туризам во Министерството за економија, не присуствуваше???

Настанот се одржи во ДХО Даре Џамбаз, сала 1, ден четврток, 26.10.2017 год. со почеток во 17.00 часот.

Присутни 109 љубители на природата, раководители на организации и рекреативци, главно од Скопје, но и членови од Тетово, Кочани, Велес, Крива Паланка и Гостивар.

Програм на настанот:

Прв дел: Македонски планинарски трансверзали – Презентација на резултати и планови за развој на:

17.00 ч. – Национален ден на патеките, интерес, капацитети и потреби за планинарење, резултат од анкета.

18.00 ч. – ПРВА МАКЕДОНСКА / ЗАПАДНА ТРАНСВЕРЗАЛА

18.20 ч. – ЦЕНТРАЛНА ИЛИНДЕНСКА ТРАНСВЕРЗАЛА

18.40 ч. – Е4 – ИСТОЧНА ПЛАНИНАРСКА ТРАНСВЕРЗАЛА

Втор дел: Иднината на планинарските патеки – можности за соработка и стратешки партнерства со:

19.00  ч. Министерство за економија

19.15 ч. Министерство за животна средина и просторно планирање

19.30 ч. Агенција за промоција и поддршка на туризмот

Резултат: Утврдени чекори за стратешки партнерства со државни институции

Posted in АКТИВНОСТИ, ОБУКИ / РАБОТИЛНИЦИ.