07 ГОРНО СОЊЕ ПАТЕКА

Download file: 07 ГОРНО СОЊЕ ПАТЕКА.gpx
  1. Опис на патеката:

Име на патеката : Горно Соње

Почетокот на патеката е во Општина Сопиште поточно од с.Горно Соње. Доколку доаѓате со градски превоз бр. 58, 58А и 58Б. патеката е со должина од 3,85 км. На почетокот патеката води по селските улици и потоа продолжува по земјен пат каде на кратко по изминати 500 м влегува во борови насади се до излегувањето на сртот на 200 м. пред врвот на Водно. До почетокот на патеката може да се пристигне и со автомобил практично до крајот на асфалтниот пат на крајот на селото каде што е поставена и инфотаблата. Во тој случај патеката е со должина од 2,7 км. 

  1. Географско простирање на патеката

Општина:  Сопиште
Старт : с.Горно Соње
Крај: Врв Крстовар
Највисока точка: Крстовар 1066 мнв
Најниска точка: с.Горно Соње 630 мнв
Вкупна должина на патеката: 3,85 км (од автобуска постојка) или 2, 7 км доколку паркирате со кола на крајот од селото, од каде  што почнува планниарската патека.
Време потребно за минување на патеката: 1 ч и 30 мин

  1. Категоризација на патеката согласно намената и тежината
  • Според намената: планинарска патека
  • Според тежината : лесна
  • Технички не е захтевна
  1. Опис на природните живеалишта, растителните и животинските видови и самоникнати габи на земјиштето преку кое минува планинската патека

Патеката на почетокот минува низ пошумен предел богат со бреза, даб, габер, бор и смрека.

Од животинскиот свет во пределот низ кој минува патеката има дива свиња, лисица, зајак, верверица и птици.

Габите во овој предел се доста застапени – Водно е планина на која се сретнуваат 143 видови на габи.

  1. Преглед на туристичкиот интерес на пределот низ кој поминува патеката

Патеката е од рекреативан карактер, но може да се вброи и во патеки од туристички интерес затоа што води до Планинарскиот дом „Даре Џамбаз“ како и до Милениумскиот Крст кој е лоциран на самиот врв на планината.

  1. Други податоци што се значајни за планинската патека

Патеката нуди можност за посета на врвот Крстовар 1066мнв кој се наоѓа над Планинарскиот дом. Вода има само на почеток на патеката во селото Горно Соње, по патеката нема извори или чешми со вода. Од врвот Крстовар има можност да се изведат и други рекреативни прошетки по планината Водно.

ФИНАНСИРАНИ ОД ЧЕШКАТА РЕПУБЛИКА 
ПОДДРШКА ОД ГРАД СКОПЈЕ

 

НАЗАД

Posted in ПАТЕКИ.