10 ГОРНО НЕРЕЗИ ПАТЕКА

Download file: 10 ГОРНО НЕРЕЗИ ПАТЕКА.gpx

  1. Опис на патеката:

Име на патеката : Етно Село – Крстовар  (ПАТЕКА ГОРНО НЕРЕЗИ)

Почетокот на патеката е од Македонско Село (Етно Село). До оваа патека може да се пристигне со автомобил или градски превоз бр.29. Патеката започнува од пред манастирот Св. Пантелејмон и оди по гол или ниско стеблест предел. По 600 метри патеката влегува во шумски појас. По пат има видиковец на кој група планинари имаат изградено ЕКО колиба која служи како засолниште во лоши временски услови. По 2,5 км патеката излегува на сртот на Водно од каде по широк макадамски пат се стигнува до врвот Крстовар. Патеката е со должина од 3,2 км.

  1. Географско простирање на патеката

Општина: Карпош
Старт: Македонско Село (Етно Село)
Крај: Врв Крстовар
Највисока точка: Врв Крстовар 1066 мнв
Најниска точка: Македонско Село (Етно Село) 600 мнв
Вкупна должина на патеката: 3,2 км
Време потребно за минување на патеката: 1 ч и 20 мин

  1. Категоризација на патеката согласно намената и тежината
  • Според намената: планинарска патека
  • Според тежината : лесна
  • Технички не е захтевна
  1. Опис на природните живеалишта, растителните и животинските видови и самоникнати габи на земјиштето преку кое минува планинската патека

Патеката на почетокот минува низ пошумен предел богат со бреза, даб, габер, бор и смрека.

Од животинскиот свет во пределот низ кој минува патеката има дива свиња, лисица, зајак, верверица и птици.

Габите во овој предел се доста застапени – Водно е планина на која се сретнуваат 143 видови на габи.

  1. Преглед на туристичкиот интерес на пределот низ кој поминува патеката

Патеката е од рекреативан карактер, но може да се вброи и во патеки од туристички интерес затоа што води од манастирот Св. Пантелејмон и Македонско Село како туристички дестинации се до Планинарскиот дом „Даре Џамбаз“ како и Милениумскиот Крст на Крстовар.

  1. Други податоци што се значајни за планинската патека

Патеката нуди можност за посета на врвот Крстовар 1066 мнв кој се наоѓа над Планинарскиот дом. Од врвот Крстовар има можност да се изведат и други рекреативни прошетки по планината Водно. Вода има на почеток на патеката во Македонско Село и на крајот на патеката на на врвот Крстовар; по патеката нема извори или чешми со вода.

ФИНАНСИРАНИ ОД ЧЕШКАТА РЕПУБЛИКА 
ПОДДРШКА ОД ГРАД СКОПЈЕ

 

НАЗАД

 

Posted in ПАТЕКИ.